Со ВИ нема да мора ние да се адаптираме на системот, системот ќе се адаптира на нас

Вештачката интелигенција ќе ја промени културата на образование, начинот на работење и критичко размислување, вели Сахар Тахвили од Ериксон во интервју за Трн.мк.

Таа во Скопје говореше на третиот AI Tech Summit, а за Трн.мк вели дека вештачката интелигенција ќе донесе нов начин на учење, каде што секој ќе има сопствен вирутелен асистент.

„Ќе имате ваш личен асистент базиран на вештачка интелигенција, дизајниран за вас Нема да мора вие да се адаптирате на системот. Системот ќе се редифинира за вашите потреби, за вашето ниво, способност, се. Новата генерација ќе расте заедно со вештачката интелигенција, се надевам“ рече Тахвили.

Таа додава дека во телекомуникацискиот сектор проектите базирани на вештачка интелигенција се веќе подготвени, но потребна е промена на инфраструктурата за новата генерција. Според Тахвили вештачката интелигенција ќе ги промени уредите кои ги користиме сега со нови форми, функции и можности.

Запрашана за тоа дали ќе може да се очекува трансмитер и телефон вграден во нашата глава, Тахвили вели дека веќе има такви прототипови и истражувања, но недостига инфраструктура.

„На пример, треба да имате нула латентност на интернет и потребна е и друга инфраструктура. Сега е време да се промени инфраструктурата и да се фокусираме на тој дел за да имаме понапредна технологија побрзо на пазарот“ вели Тахвили.

Како што кажа таа вештачката интелигенција во моментов има проблем да ги замени меките вештини што ги имаат луѓето, бидејќи најголемиот дел од проблемите во деловниот свет сега не се решаваат пред компјутер или на состанок, туку во преговори и слободни дискусии, нешто што вештачката интелигенција тешко може да го замени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни