Со вежби против еректилната дисфункција

Редовното вежбање може да биде исто толку ефикасно како вијаграта кога станува збор за лекување на еректилна дисфункција. Три сесии од триесет минути неделно би можеле да направат огромна разлика, според новото истражување.

Истражувачите од Медицинскиот колеџ „Бејлор“, „Бостон“ и „Милер“ научно анализираа 11 претходни студии во кои беа вклучени 1.147 учесници. Студиите беа рандомизирани и вклучија контролни групи, што ги прави многу веродостојни.

Вежбите кои вклучуваат аеробни активности, како што се одење и возење велосипед, повторени три пати неделно, се покажа дека ја подобруваат еректилната функција кај луѓето со еректилна дисфункција.

Поврзаноста помеѓу вежбањето и подобрите перформанси во кревет беше откриена кај учесници со различни типови на тело и тежина и не се разликуваше поради медицински состојби или употреба на лекови.

„Вежбањето е нискоризична и бесплатна активност, што го прави идеален почетен третман за проблеми со ерекцијата, особено за пациенти кои не сакаат или не можат да користат лекови“, вели физиологот Лари Милер од „Miller Scientific“.

Најголемите промени се забележани кај мажите со посериозни форми на еректилна дисфункција. На стандардизирана скала од шест до 30, оние со потешки форми кои вежбале забележале подобрување од пет поени, додека оние со поблаги проблеми подобриле од два до три поени.

Повеќе физички вежби долго време се поврзуваат со подобрување на еректилната функција, бидејќи ја подобруваат циркулацијата на крвта во телото. Вежбањето помага и во борбата против дебелината и намалувањето на крвниот притисок, кои исто така се два фактори за еректилната дисфункција.

Она што е особено интересно е дека аеробните вежби имале сличен позитивен ефект како и лековите како Вијагра и Сиалис, па затоа може да се користат наместо или во комбинација со нив.

Лековите како Вијагра и Сиалис доведоа до подобрувања од четири до осум поени на скалата. Тимот кој стои зад истражувањето истакнува дека вежбањето треба почесто да се препишува за луѓе со еректилна дисфункција.

Извор: b92.net

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни