Водородот треба да биде клучен играч во обновливата енергија, а еден од најефикасните начини за негово производство е делењето на водата на составните молекули.
Кога се користи соларна енергија, овој процес се нарекува вештачка фотосинтеза, а тоа е процес во кој влегува новиот реактор на швајцарскиот Федерален технолошки институт во Лозана EPFL.
Реакторот на EPFL изгледа како сателитска антена, а работи на сличен принцип. Големата закривена површина собира што повеќе светлина и ја концентрира на мал уред закачен во средината. Во овој случај антената ја собира топлината од Сонцето и ја фокусира на околу 800 на фотоелектрохемиски реактор.
Водата се пумпа во овој реактор, каде што сончевата енергија се користи за раздвојување на нејзините молекули на водород и кислород. Реакторот ги чува и двата отпадни производи на процесот, кои вообичаено се испуштаат – кислородот и топлината. Кислородот би можел да биде корисен за болниците или за индустриска употреба, додека топлината поминува низ изменувачи на топлина и може да се користи за загревање на вода или внатрешност на згради.
Реакторот е тестиран во кампусот на EPFLво период од 13 дена за д се види како работи во различни временски услови. Утврдено е дека неговата ефикасност за соларна енергија во просек е 20% и може да произведе околу 500 килограми водород дневно.
Тимот истражувачи вели дека со оваа излезна сила во текот на една година системот може да напојува 1,5 возила со водородни ќелии кои возат на просечни растојанија или да задоволи околу половина од потребата за електрична енергија на четиричлено семејство.
„Со излезна сила од над 2 киловати ја пробива горната граница од 1 киловат за нашиот пилот реактор, а истовремено задржавме висока ефикасност” велат авторите на студијата.
Истражувањето е објавено во списанијата Nature Energy.
Извор: vidi.hr