Со трансформативниот перформанс SKIN, вечерва почнува 4. Инфјужн – Фестивал на инклузија

во рамки на фестивалските денови и преку официјалниот сајт equality.agency, посетителите ќе можат да донираат за малиот Ѓорѓи од Струмица


Од денес, па се до 15 јуни, Скопје ќе живее низ 50 различни доживувања на 5 различни локации.
„Ќе бидеме дел од нешто поголемо од се досега видено. Нешто што се чувствува со сите сетила.“ –
велат од тимот на Икуалити.

Паркот Македонија, Музејот на современата уметност, Театар Комедија, Домот на
култура „Билјана Беличанец“ и кафулето Амигос ќе станат жива сцена на пет теми – Перформанс,
Уметност, Музика, Спорт и Гејминг – распослани низ пет инспиративни денови.

По вечерашното отворање со танцовиот перформанс SKIN во Театар Комедија кое ќе приушти едно
ново и поинакво искуство кое Македонија ќе го доживее за прв пат, австралиско – германското дуо,
утре ќе одржи и работилница „Танцување без умереност“ насочена кон нови адаптивни техники во
движењето и танцот.

Во наредните денови, Здружението Икуалити подготвува бројни фестивалски содржини, креативни
интегративни работилници, поетско читање и тивки дружби во кафуле кои ќе не поттикнат да
комуницираме, а сепак да не зборуваме. Новините во културната сцена се и водени посети и
знаковно толкување на изложбени поставки во музеј, како и интерактивни претстави на знаковен
јазик и играни од интегративни групи на лица со и без попреченост. Во рамки на фестивалот ќе се
одржат и форумски дискусии за важни општествени теми за квалитетен живот и инклузивност со
родители, лица со попреченост и стручни лица во областа на инклузијата.

„На 12 јуни во Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе бидат доделени и наградите за оние со
најголеми заслуги за заедницата на лица со попреченост – Шампиони на инклузија во 6 категории:
лице со попреченост, организација, јавна личност, општествено одговорна компанија, амбасада и
општина. Вечерта ќе биде заокружена и со премиера на трејлер за анимираниот серијал
„Диносаурусчето УРУ“, инспиративна приказна за храброста, неприфаќањето и различностите која
ќе допре до сите преку малите екрани, во претстојната телевизиска сезона. Убавиот парк во
последните два фестивалски денови ќе биде преобразен во гејминг-арена и место за искусување на виртуелна реалност, ќе се игра Dungeons & Dragons или креира сопствена игра, учествува во мини-
турнир на плејстејшн.

Паркот Македонија ќе се претвори во галерија од цртежи на учениците од основните училишта од
Општина Кисела Вода и Аеродром како дел од изложбата „Ги сакам сите животни“ и уметнички дела
на млади уметници преку изложбата под името „Фузија“. На 14 јуни, Инфјужн фестивалот ќе ја слави
македонската музика со целовечерни концерти на млади артисти: Колектив Ветерница, Миа
Перевска, Tsar Von Time, Дактили, Занаду, Fiction, Филип Николоски и Breakdown Band“ велат организаторите.

Под мотото „Биди херој на херојот!“ во рамки на фестивалските денови и преку официјалниот сајт
equality.agency, посетителите ќе можат да донираат за малиот Ѓорѓи од Струмица, 9 годишно момче
со широкa насмевка со детска церебрална парализа, кому му е потребна рехабилитација и
операција.

Инфјужн Фестивалот оваа година носи моќна порака. Со многу новини, толкување на концерти на
знаковен јазик, обезбедување на пристапност на сите 50 настани, Инфјужн фестивалот е повеќе од
обичен фестивал – тоа е фестивал каде сите се добредојдени и каде шириме љубов, менуваме,
создаваме и инспирираме!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни