Од таму додаваат дека колоната возила е стигната до Бунец. Се движат споро, но според дежурните екипи, ќе успеат да се стигнат до своите дестинации.
Висината на снежната покривка во овој дел е околу 80 сантиметри и има паднати голем број на дрвја кои го отежнуваат сообраќајот.
ЦУК извести дека расчитен е и сообраќајниот метеж на Попова Шапка, кој бил креиран поради возила со летни гуми. Сообраќајот во двата правци се одвива во зимски услови, забавено со задолжителна употреба на зимска опрема.
Во скопско, според информациите од терен, патот до селото Бродец е прооден, додека кон селата Танушевци, Брест и Малино патот е непрооден.
Поради обилните врнежи од снег и дожд во Пелагонискиот регион добиени се голем број пријави за прекини на електричната енергија, оштетени бандери, четири поплавени подрумски простории во куќи (3 во Битола и 1 во Кривогаштани), поплавен коловоз кај бензиската пумпа „Салида“ во Прилеп и одрони на патните правци Прилеп-Битола, Прилеп-Кавадарци и Демир Хисар-Кичево. Патниот правец од Битола до хотелот Молика е прооден само за теренски возила, додека од 16:42 часот во прекин е патниот правец од Крушево за селото Пуста.
Во Охридскиот регион, сообраќајот се одвива по влажни коловози и во зимски услови. Селата Опеница, Завој, Свињишта и Колари се без напојување со електрична енергија поради дефекти настанати како резултат на снежните врнежи.
Во Југоисточниот регион сите регионалени, магистрални и локални патишта се проодни.