Со што се поврза одењето на Кејти Пери во вселената?

Тимот од шест жени кој беше лансиран во вселената на 14 април 2025 година, јавноста го процени како егоистична постапка и покажување на моќ во време на војни и криза. Шест жени меѓу кои активистка, новинарки, аеронаутичка инженерка и вселенски претприемач, биотехнолошка инвеститорка и добро познатата Кејти Пери беа на единаесет минутна прошетка во Вселената.

Ваквото патување вредно над два милиони долари беше реализирано од страна на вселенската компанија Blue Origin во сопствност на Џеф Безос. ПР тимот на пејачката прошетката ја поврза со тоа дека секоја девојка може да сонува големо и да ги оствари сите големи соништа. Тоа е неретка постапка на славните личности кои прават нешто што е особено скапо, како оправдување да го поврзат со охрабрување на некоја ранлива група на луѓе, која вообичаено и не е привилегирана како луѓето кои ги спроведуваат скапите „кампањи“.

Дел од коментарите кои беа оставени под објавата на Инстаграм профилот на пејачката се следните:

„Значи, лансираме богати жени во вселената, додека сиромашни жени се апсат затоа што имале спонтан абортус. Во ред, океј.“

„Нема ништо за гордеење. За само 10 минути испуштивте повеќе јаглерод диоксид отколку што милијарди луѓе ќе испуштат во текот на целиот свој живот.“

„Разочаран/а сум… Тоа место требаше да биде за некој што сонува да стане астронаут, а не за славна личност“

„Ништо ново – елитата ја праќа елитата во вселената“

Додека фановите се видно разочарани има и славни личности кои ја поддржуваат оваа постапка на Кејти Пери и тимот на жени кои беа на 11 минутно патување во вселената меѓу кои Опра Винфри, Крис Џенер, Клои Кардашијан.

Фото: People

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни