Со првата песна по 16 години, The Cure го најавија нивниот нов албум

Британскиот бенд The ​​Cure го објави својот прв сингл по 16 години, „Alone“. Од бендот исто така потврдија дека нивниот долгоочекуван албум ќе биде објавен на 1 ноември.
Фото: May F./Flickr

Речиси седумминутната меланхолична песна е првата песна на 14-тиот студиски албум Songs of a Lost World. Нивниот последен албум, 4:13 Dream, беше издаден во 2008 година.

„Тоа е песната што го направи албумот возможен; штом ја снимивме, знаев дека тоа е почетната песна, почувствував дека целиот албум стана појасен“, изјави фронтменот Роберт Смит.

Британското музичко издание NME ја опиша песната како „епска и емотивна“, а весникот „Гардијан“ како „величествено обложена во беда и очај“ и ја оцени со четири од пет ѕвезди.

The Cure дебитираа во доцните 1970-ти и се познати по нивните пост-панк и мрачни меланхолични песни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни