Тие бараат отворање на документите и разрешување на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.
По собирот кај железничката станица, граѓаните се упатија кон центарот на Нови Сад, попатно застанувајќи 15 пати – за секоја жртва од несреќата по еднаш, по што со црвена боја во офарбаа Плоштадот на слободата во градот.
Novi Sad 1.12. pic.twitter.com/XrxliiLQs3
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) December 1, 2024
Организаторите најавија отстранување на ознаките за тајност од целата документација и побараа политичка, но и кривична одговорност за несреќата.
Тие ги повикаа граѓаните во вторник на 3 декември да дојдат пред градското собрание и да ги поддржат советниците кои бараат смена на градоначалникот Милан Ѓуриќ и итен прекин на заплашувањето на активистите и прекин на притисоците врз нив.
Граѓаните носат транспаренти со симбол на крвава рака, како и транспарент „Немаше да ја има оваа крв да беше се според законот“.