Stella Network

Со промовирање на родовата еднаквост и финансиско зајакнување на жените, можеме да создадеме поздрав и поправеден свет

Stella Network во месецот на подигање на свеста за менталното здравје, уште еднаш ја потенцира важноста на родовата еднаквост и економската независност кои играат клучни улоги за менталното здравје. 

Од сиромаштија особено се погодени жените и девојчињата. На глобално ниво повеќе од 10% од жените живеат во екстремна сиромаштија. Според последните податоци кај нас родовиот јаз во стапката на вработеност изнесува 17,5%, додека родовиот јаз во платите е околу 12 проценти.

Иако недоволно се зборува за ова, сепак, сметаат од Stella Network, финансиската стабилност е клучна за менталната благосостојба.

„Трите столба – ментално здравје, родова еднаквост и финансиска независност се меѓусебно поврзани. Со промовирање на родовата еднаквост и финансиско зајакнување на жените, можеме да создадеме поздрав и поправеден свет“, велат од Stella Network.

Оваа активност е спроведена во рамките на проект поддржан од шведската Фондација Kvinna till Kvinna, имплементиран од Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни