Со проекција на два филма од селекцијата за Наградата на јадранката публика, денес почнува Манаки

Во 19:00 часот ќе биде прикажан филмот Три дена риба, а во 21:00 часот ќе се прикаже Хипноза на Јонатан Бјерстед.

Денес во кино Манаки ќе бидат прикажани два филма од селекцијата за наградата на јадранката публика.

Во 19:00 часот ќе биде прикажан филмот Три дена риба ( Three Days of FishNL) на Грег Телуса и Петер Хохендорн

Во ТРИ ДЕНА РИБА ср зборува за затегнатите односи помеѓу Гери и неговиот син Дик за време на нивната годишна тридневна средба во Ротердам. Филмот на Карлови Вари беше награден токму за носечките актерски улоги.

Во 21:00 часот ќе се прикаже Хипноза / (The Hypnosis) на Јонатан Бјерстед.

Во ХИПНОЗА Андре и Вера се млад пар претприемачи, кои добиваат можност да ја претстават својата апликација за женско здравје на еден престижен натпревар.

Филмот беше прикажан на фестивалот во Чикаго и повеќекратно награден во Карлови Вари.

Влезот е слободен за двете проекции.

Најново

Последни колумни