Принцезата Кејт Мидлтон е прогласена за „Најдобро облечена дама“ за 2025 година. Титулата и признанието ги доделува британското издание на познатото модно списание „Вог“.
Светот, како и модните критичари, не се непознати за софистицираниот вкус за мода и детали што ги поседува принцезата од Велс. Кејт Мидлтон е позната по своите беспрекорни облеки кои се мешавина од чиста елеганција и модерен шик, без да го прекршуваат кралскиот кодекс на облекување.
Секое парче од нејзината гардероба има своја приказна, а интересно е и тоа што таа често рециклира облека, односно дека е голем обожавател на одржливата мода. Имајќи го тоа предвид, не е ни чудо што токму Кејт Мидлтон беше прогласена за „Најдобро облечена дама“ за 2025 година од Вог.

Како што објави „Дејли меил“, принцезата е карактеризирана како „вечна инфлуенсерка“ која секогаш наоѓа начин да ги инспирира луѓето околу неа. Покрај неа, наградата ја добија Алекса Чанг, Сиена Милер, Кејт Мос, Наоми Кембел и Викторија Бекам.
Вог објави и број посветен на познати ѕвезди кои ја освоија редакцијата на списанието со своите модни изрази, а со тоа и титулата „најдобро стилизирани ѕвезди“. Поточно, 55 влијателни луѓе го красат тоа издание.
Таа ја носи титулата најдобро облечена жена за 2025 година со причина. ФОТО
Викторија Џонс / Shutterstock Editorial / Profimedia
Интересно е што Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, не се најде на оваа листа, иако минатата година за „The New York Times“ изјави дека правилниот избор на модни парчиња е нејзина силна страна, пишува „Daily Mail“.

Таа ја носи титулата најдобро облечена жена за 2025 година со причина. ФОТО
Фото Image Press / Zuma Press / Profimedia
Како и да е, погледнете само неколку од комбинациите што ѝ ја донесоа титулата на Кејт Мидлтон подолу.
