Со премиера на „Грофот од Монте Кристо” се отвора месецот на Франкофонијата 2025

Настанот ќе го отвори францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер. По премиерата, филмот од 8 март ќе се прикажува на редовниот репертоар во „Синеплекс“.

По повод отворањето на месецот на Франкофонијата 2025, во организација на Францускиот институт во Скопје, вечер во киното „Синеплекс“ ќе се одржи гала филмска вечер и премиера на филмот „Грофот од Монте Кристо” (2024).

Како што е најавено, настанот ќе го отвори францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер. По премиерата, филмот од 8 март ќе се прикажува на редовниот репертоар во „Синеплекс“.


„Грофот од Монте Кристо“ е во режија на Матјe Делапорт и Александар де Ла Пателиер, со главните улоги на Пјер Нинe, Бастиен Бујон и Анаис Демустје во главните улоги. Филмот првпат беше прикажан на минатогодишното издание на Канскиот фестивал, надвор од конкуренција, а има повеќе од 10 милиони продадени билети во Франција во 2024 година.

Програмата за март како месец на Франкофонијата е подготвена од Францускиот институт во Скопје во соработка со амбасадите на земји членки на Франкофонијата, со УКИМ и Филолошкиот факултет. Во соработка со Собранието на РСМ по трет пат ќе се одржи Младиот франкофонски парламент, а меѓу предвидените содржини е и Изложбата на француската колекција во Музејот на современа уметност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни