Со правилото 50/30/20 за распределба на платата ќе заштедите пари

Методот на распределба на пари 50/30/20 го смисли Елизабет Ворен, експерт за финансиска несолвентност од Универзитетот Харвард, како метод за ефикасно преземање контрола врз вашите финансии

Бројката 50 се однесува на процентот од платата што треба да се одвои за основни животни потреби како домување и храна. Оваа категорија вклучува кирија или заем за отплата на станот, комуналните услуги, превозот и основните намирници коишто ги купувате за да подготвите храна.

Бројот 30 се однесува на процентот од расположливиот приход којшто треба да се одвои за вашите желби. Оваа категорија ги вклучува парите коишто ги издвојуваме за купување облека, за козметички третмани, одење во ресторани и кафулиња, за патувања и други забавни ситници.

Бројот 20 се однесува на процентот на плата што треба да се одвои за заштеди и враќање на евентуалните долгови. Во оваа категорија спаѓаат одвојување пари за непланирани трошоци, инвестирање, уплата во доброволен пензиски столб, отплата на долгови како пречекорувања на тековна сметка и слично.

Ако во меѓувреме го земавте калкулаторот и откривте дека вашите потреби се поголеми од 50 проценти од вашиот месечен приход – треба да ја промените стратегијата. Изберете друг метод, размислете како можете да заработите дополнителни пари, да смените професија, да започнете свој бизнис, да го претворите хобито во дополнителен приход, а од друга страна да ги намалите трошоците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни