Со помош на ВИ октриени два нови подтипови на мултиплекс склероза

Студијата опфатила 600 пациенти и комбинирала крвен тест за лесниот ланец на протеинскиот серумски неврофиламент (sNfL) и МРИ скенирања на мозокот

Научниците користеле вештачка интелигенција за да пронајдат два нови биолошки подтипови на мултиплекс склероза, што би можело да доведе до персонализирани третмани и подобри исходи за пациентите, објавува списанието „Брејн“.

Студијата опфатила 600 пациенти и комбинирала крвен тест за лесниот ланец на протеинскиот серумски неврофиламент (sNfL) и МРИ скенирања на мозокот, а податоците беа анализирани со алгоритмот за машинско учење „SuStaIn“, пишува The Guardian.

Идентификувани се два подтипови: ран sNfL, кај кој високи нивоа на протеини се јавуваат рано во болеста и лезиите на мозокот се појавуваат брзо, и доцен sNfL, кај кој оштетувањето на мозокот се случува побавно и пред да се зголемат нивоата на протеини.

Истражувачите проценуваат дека ова откритие би можело да им овозможи на лекарите попрецизно да ги следат пациентите и порано да администрираат целна терапија.

Водечкиот автор на студијата, Арман Ешаги, рече дека подтиповите базирани на биологијата на болеста даваат подобар увид отколку клиничките класификации базирани на симптоми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни