Дваесетина поети од земјава и од странство синоќа во Музејот на современа уметност во Скопје имаа поетско читање на настанот насловен „Меѓународен поетски митинг“, со што и официјално заврши 62. поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.
Фестивалот траеше од 24 до 28 август, кога свечено беше затворен на Мостот на поезијата во Струга, каде што беа доделени и наградите за 2023-та: „Златен венец“ на Влада Урошевиќ, „Браќа Миладиновци“ на Димитар Башевски и „Мостови на Струга“ на Гевин Бредли.
Мотото на СВП годинава беше „Чувствотворен јазик“ и настапија повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од различни генерации.