Со ноќна трка вечерва започнува Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“

Трката е со рекреативен карактер и нема возрасни ограничувањ, а главните трки на 5 и на 21 километар се закажани за утре

Со ноќна трка вечерва со почеток во 21 часот ќе започне стартот на деветтото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

„Стартот на Ноќната трка е пред плажата Куба Либре, трасата е долга 2 км, а финишот е на Кеј Македонија, пред хотел Палас. По завршувањето на трката учесниците ќе уживаат во хуманитарна паста забава и концерт на групата Балканикос. Ги покануваме сите охриѓани и гости да бидат дел од оваа незаборавна ноќ – со спорт, музика и хуманост во прв план,велат од АК „Охрид трчаТ“.

Оттаму додаваат дека трката е со рекреативен карактер и нема возрасни ограничувања и е отворена за сите кои сакат да трчаат, забавуваат и дружат.

Главните трки на 5 и на 21 километар се закажани за утре

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни