Сексологот Емили Морс на својот Инстаграм профил напишала една реченица која е клучна за будење на страста во спалната соба.
„Според мое мислење, највозбудливата работа е кога партнерот ќе ве праша: Дали ова ти се допаѓа?“, вели Морс.
Со разговор може да се постигнат многу работи, а не е лошо со текот на времето да го прашувате партнерот што му се допаѓа во кревет.
Со тоа ќе создадете можност да ја унапредите врската, но и да добиете потврда за тоа што го правите, односно дали тоа е возбудливо. Можеби на вашиот партнер повеќе ќе му се допаѓа нешто што сте го правеле порано, а сепак нема да ви го каже тоа затоа што не сте го прашале.

„Некои од нас мислат дека партнерот интуитивно треба да знае се за нашата сексуална желба, но тоа е ретко возможно. Овој начин на „неверство“ во текот на сексот е давање до знаење на нашиот партнер дека нешто прави добро, а тоа доведува до поголемо задоволство, подлабока поврзаност и подобра комуникација во сите сфери на животот. Тоа е клучот на успехот во сексот“, наведува Емили.
Со неа се согласиле поголем дел од луѓето:
„Сакам кога партнерот ќе ме праша дали тоа нешто ми се допаѓа, тоа некако ме возбудува“, коментирале луѓето.
Извор: sd.rs