Со научни методи отпушоците од цигарите ќе се рециклираат во биодизел

Отпушоците од цигари може да се најдат насекаде и многумина што пушат цигари едноставно ги фрлаат на земја и ги згазнуваат со нога. Но, тоа не само што не изгледа убаво отстранат, туку е многу штетно за околината.

За да го решат тој проблем и отпушоците да ги претворат во нешто корисно, литвански научници се ппослужиле со креативно решение. Така, научници од Технолошкиот универзитет во Каунас и од Литванскиот институт за енергетика развија метода за претворање на отпушоците во биодизел.

Како што велат во студијата објавена во весникот Journal of Analytical and Applied Pyrolysis, откриле дека едно од клучните соединенија за производство на биодизел, триацетин, може да се најде во изобилство во филтрите од цигарите. Користејќи низа техники, меѓу кои и пиролиза, научниците успеале од отпушоците да извадат масло богато со триацетин и така да добијат одржлив извор на состојки за производство на биодизел.

Ова ново решение може да ги намали трошоците за производство на биодизел и да го ублажи штетното влијание врз околината. Освен тоа, научниците истакнуваа дека останатите материјали како јагленот може да се користат како ѓубриво или за прочистување на отпадни води.

Научниците истакнуваат дека ова не е единствениот начин како да се искористат отпушоците од цигари и така да се намали нивното влијание врз околината. Сега им останува да ја прилагодат својата метода за индустриско производство.

Извор: dnevnik.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни