Најновиот извештај на ЦУК: До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни

Пожарите во Македонија не стивнуваат, до 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни

Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума), Прилеп и Кавадарци – помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник (мешана шума и ниска вегетација), Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума и грмушки, Желино – помеѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума),Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума), Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Ругинце (ниска вегетација), Битола – с. Велушина (ниска вегетација), Битола 2 – с. Миџитлија (ниска вегетација), Кичево – с. Горно Трско (ниска вегетација и ниска шума), Македонска Каменица – с. Косевица (борова шума), Струга – с. Ново Село и с. Делогожда (ниска вегетација и стрниште), Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева),Петровец – с. Ржаничино (ниска вегетација).

Пожарите кај Македонски Брод 1 – с. Грешница, Македонски Брод 2 – с. Латово, Карбинци – с. Јунузлија и кај  Петровец – с. Средно Коњаре кај р. Пчиња се ставени под контрола. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни