Со мирен и масовен марш во Атина одбележана 52- годишнината од студентскиот бунт против воената хунта

Студентскиот бунт се смета за симбол на отпорот, демократијата и граѓанските права во Грција

 Мирно и масовно, со учество на илјадници граѓани,  заврши традиционалниот протестен марш од  Политехничкиот факултет до  амбасадата на САД во Атина за одбележување на 52-годишнината од студентскиот бунт против хунтата, јави дописничката на МИА од Атина.

Како и секоја година, протестниот марш започна од Политехничкиот факултет, односно од местото каде што започна бунтот во 1973 година и заврши пред американската Амбасада во Атина, а повик за учество упатија студентски здруженија, претставници на грчките опозициски партии, синдикати, здруженија на вонпарламентарната левица итн.

За безбедноста во Атина беа ангажирани над 5.000 полицајци, дронови и хеликоптер, полицајци во цивил, како и цистерни со топови вода, додека пак затворени беа пет метро станици во центарот на грчката метропола. 

Денеска кулминираа тридневните церемонии во чест на студентскиот бунт што се смета за симбол на отпорот, демократијата и граѓанските права во Грција, а протести освен во Атина ќе се одржат и во други грчки градови. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни