Со меѓународното поетско читање “Поетски меридијани“ започнуваат Струшките вечери на поезијата

Под мотото „Допир на убавината“, од 22 до 26 август во Струга ќе се одржи 63. издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Оваа година во рамките на програмата на фестивалот ќе бидат одбележани и годишнините на двајца наши истакнати поети: 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски. Во рамките на одбележувањето, во соработка со Здружението на слепи лица на Општина Велес, ќе биде издадено специјално издание со Брајово писмо, избор од антологиските песни на Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски. На манифестацијата ќе учествуваат над 25 странски и голем број поети од земјава. Според традицијата, фестивалскиот оган ќе биде запален на свеченото отворање пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, познат и како Дом на поезијата, а фестивалот ќе биде затворен со традиционалното читање „Меридијани“ на Мостот на поезијата, кога ќе бидат врачени и наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“.

Манифестацијата ќе започне во понедленик во 12 часот напладне со садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2024 во Паркот на поезијата

Конгресна сала Хотел „Дрим“ во 13:30 ќе се одржи прес-конференција со добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2024 година по што ќе следи изложба на Литов Намдаг Јанчивин, почесен конзул на Монголија, по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи во 17.30 часот во Пијано салата во Хотел „Дрим“.

На платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе започне официјално отворање на Струшките вечери на поезијата 2024 година по што следат „Поетски меридијани“ – Меѓународно поетско читање во 20:30 во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Во 22.30 е свечениот прием на учесниците на СВП 2024 година на Летна тераса на Хотел „Дрим“.

Во прилог е програмата за наредните денови

Петок, 23 Август

09:30 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година

10:30 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

Промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2023 година

11:30 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

„Кругови“ – Меѓународно поетско читање

12:30 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

„Декади поезија“: чествување на годишнините на петмина македонски поети

17:00 Пијано сала – Хотел „Дрим“

Поетско кафе „ВЕРСОПОЛИС“ – Средба со издавачите и професионалните посетители

17:30 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

Вечер на ВЕРСОПОЛИС

20:00 Летна сцена, ЦК

Промоција на Антологијата „Од поети за поети“

21:00 Летна сцена, ЦК

Портрет на добитникот на „Мостови на Струга“ за 2024 година – 20 години од наградата „Мостови на Струга“

21:00 Летна сцена, ЦК

Портрет на Добитникот на „Браќа Миладиновци“ за 2024 година

23:00 Летна сцена, ЦК

Портрет на добитникот на „Млада Струга“ за 2024 година

23:45 Летна сцена, ЦК

Ноќ без интерпункција: музичко-поетски перформанс

САБОТА 24 Август

09:00

Поетско читање и посета на манастирскиот комплекс и пештерските цркви во Калишта“

11:00 Тераса на Хотел „Бисер“, Калишта

„Кругови“ – Меѓународно поетско читање

12:30 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

Поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија

15:30 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

Претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година

17:00

Излет до Охрид и разгледување на културните споменици во градот

20:30 Црква „Св. Софија“, Охрид

Поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на СВП за 2024 година

23:45 Летна сцена, ЦК

Ноќ без интерпункција: музичко-поетски перформанс

НЕДЕЛА 25 Август

09:00 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

„Поетско кафе со лауреатот“

10:00 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

„Кругови“ – Меѓународно поетско читање

11:00 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

„90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски“

12:00 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

„95 години од раѓањето на Гане Тодоровски“

13:00 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

„95 години од раѓањето на Матеја Матевски“

20:30 Мост на поезијата – Струга

„Мостови“, меѓународно поетско читање и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”

22:30

Завршен прием за учесниците на СВП 2024 година и прогласување на добитникот на наградата „Енхалон

ПОНЕДЕЛНИК 26 Август

20:30 Плато пред Музејот на современата уметност во Скопје

Меѓународен поетски митинг, Скопје

Конгресна сала – Хотел „Дрим“

„95 години од раѓањето на Гане Тодоровски“

13:00 Конгресна сала – Хотел „Дрим“

„95 години од раѓањето на Матеја Матевски“

20:30 Мост на поезијата – Струга

„Мостови“, меѓународно поетско читање и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”

22:30

Завршен прием за учесниците на СВП 2024 година и прогласување на добитникот на наградата „Енхалон

Најново

Последни колумни