Со креативност и солидарност до поинклузивна иднина: Успешно заврши 4. издание на inFusion – Фестивалот на инклузија

Со над 30 настани исполнети со енергија, креативност и инклузивност, од 11 до 15 јуни низ повеќе локации во Скопје се одржа четвртото издание на inFusion – Фестивалот на инклузија, кој и оваа година покажа дека културата и уметноста се моќни алатки за градење праведно и еднакво општество.

Фестивалот се етаблира како платформа која ги слави различностите и го промовира духот на еднакви можности за сите. Под мотото „Заедно, различни, видливи“, програмата опфати театарски претстави, концерти, изложби, креативни работилници, дебати, улични перформанси и вклучување на уметници, активисти и граѓани од сите заедници – со и без попреченост.

„Горди сме што преку inFusion успеваме да изградиме простор за соживот, почит и солидарност. Ви благодариме за поддршката и учеството во ширењето на пораките за прифаќање, културна разновидност и социјална правда“, велат организаторите.

Фестивалот продолжува да се развива како движечка сила на општествени промени, потсетувајќи нè дека токму преку уметноста можеме да изградиме поинклузивна иднина – за сите нас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни