Миграцијата во поголемите градови е тренд кој трае подолго време. Подобри образовни институции, поголеми пазари на труд, пристап до посовремени медицински услуги, се само дел од причините поради кои луѓето се повеќе избираат да живеат во урбани средини. Културната и забавната понуда на градовите, брзиот и динамичен живот ги привлекуваат младите генерации.
Од друга страна, земјоделството, кое порано беше главната движечка сила на економиите на многу земји, се соочува со бројни предизвици. Климатските промени, ерозијата на почвата, ниската профитабилност често ги одвраќаат новите генерации од земјоделството. Дополнително, модернизацијата и автоматизацијата на земјоделските процеси ја намалуваат потребата од работна сила на фармите.
Во прилог на овој тренд зборуваат различни истражувања и статистики.
Студијата на Универзитетот во Колорадо Болдер открива запрепастувачка промена во земјоделските модели. До крајот на 21 век, би можело да има драстично намалување на бројот на фарми – за 50 проценти на глобално ниво. Таквата еволуција сигурно ќе има длабоки импликации за глобалната безбедност на храната и одржливоста на животната средина. Малите фарми би згаснале, останувајќи на пазарот само големите фарм. Истражувањето проценува дека со над 600 милиони фарми во 2020 година, и стапката на нивно намалување низ текот на годините, нивниот број ќе опадне на дури 272 милиони до 2100 година.
Овој тренд веќе може да се забележи во ЕУ, каде во 2020 година имаше 157 милиони хектари земја за земјоделско производство – 38 отсто од вкупната површина на Унијата. Во тоа време во Унијата се броеја и 9,1 милиони фарми, но повеќе од 63 отсто беа помали од пет хектари. Во споредба со 2005 година, тоа е 5,3 милиони фарми помалку, проценува Евростат.
Интересно е што најголемите фарми во светот се наоѓаат во Кина, земја со преку една милијарда жители каде се потребни големи количини храна и намирници.
Извор: energetskiportal.rs