Со костими од ѓубре до поголема свест за животната средина

На улиците на главниот град на Конго, Киншаса, уметниците ја подигнуваат свеста за предизвиците со кои се соочува градот. Зголемените потреби на неговите жители доведоа до масовен увоз на стоки за широка потрошувачка, а со тоа и тони пластика за еднократна употреба, создавајќи еколошки хаос.

Најмногу страдаат сиромашните населби, а во оваа сè подеградирана средина, група уметници преку изработка на костими од отпад сакаат да ја подигнат јавната свест за животната средина. Тие повторно го отелотворуваат својот град настапувајќи на улица, осудувајќи ги општествените прашања како што се недостатокот на здравствена заштита, загадувањето, уништувањето на шумите и прекумерната потрошувачка.

Во својата серија Fulu Act, документарниот фотограф од Брисел, Колин Делфосе, ги фотографира улични уметници во Киншаса. Целта на ваквите фотографии е да ја подигнат свеста за животната средина и горливите прашања со кои се соочува Демократска Република Конго.

„Пораката која ја испраќаат овие костими е осуда на прекумерната потрошувачка и последиците од неа како што се загадувањето, сиромаштијата и слично“, вели Делфос. Меѓу другото тој и посочил дека овие фотографии се ехо на сите општествени случувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни