Со концерт на Nouvelle Vague, Lufthansa, Joel Corry и Jonas Blue заврши четиринаесетто издание на „Д Фестивал“

Четиринаесетто издание на „Д Фестивал“ заврши спектакуларно, онака како што и започна. Со концерт на Nouvelle Vague и нивниот уникатен спој на меланхоличен пост-панк и боса нова, на главната фестивалска сцена.

Пред нив настапија Lufthansa еден од најдобрите бендови на македонската андерграунд сцена. Вчеравечер на главната сцена настап имаа и BDM live, британскиот хит – мејкер Joel Corry и светски познатиот Jonas Blue.

Фото: Ана Павловска/ Д Фестивал

Претходно на стејџот „Мosquito“ во кампот настапија Паркети, Skier & Yeti и Zooster, додека на „Smooth Stage“ посетителите ги забавуваа Nomad, Kalinka, DJ Charlie, Lutke na koncu, Sirsaja и Niandra. Одлична забава имаше и на „Shake the Lake“ и „Bravo“ сцените каде настапија Bullz, Luka Chombe, Baks, Ruzno Pace, Bon Praskiza, Hiljson Mandela, Shorty P, Ire Scratch како и Rickie Bo, Mario Mazzola B2B Dzad, Шизика, Mana, Flexify…

Фото: Ана Павловска/ Д Фестивал

Дојран викендов зрачеше со позитивната атмосфера пренесена преку одлична музика, добра забава, богата фестивалска програма на неколку бини и фестивалски камп и посетеност од 15.000 насмеани лица. Дојран овие три дена беше место каде можеа да се видат и да се чујат реномирани артисти од домашната и светска музичка сцена.

ZHIVA/фото: Zewlean Icarus, Д Фестивал

Д Фестивал важи за еден фестивал со кој растеле и растат многу генерации. Фестивал кој ги следи актуелните музички трендови, нуди широк спектар на различнивкусови и жанрови, од електро, реге, панк, инди-рок, хип-хоп, трап, поп, но и дава шанса на младите домашни музичари. Д Фестивал е фестивал за сета публика, без да се врзува за одредена граница. Фестивал што се оградува од тоа да биде ограничен.

Фото на насловна: Ана Павловска/ Д Фестивал

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни