Со концерт на „Леб и сол“ вечерва се отвора Битолско културно лето

Официјалната програма на „БитФест“ ќе се одвива од 26 јуни до 31 август, и е исполнета со содржини од различни културни жанрови

Со концерт на легендарната македонска група „Леб и сол“ вечерва во античкиот театар Хераклеја Линкестис, почнува манифестацијата Битолско културно лето.  

Концертот во Битола, истовремено ќе го означи и почетокот на турнејата на „Леб и сол“ со која ќе одбележи јубилеј од 50 години на музичката сцена

Официјалната програма на „БитФест“ ќе се одвива од 26 јуни до 31 август, и е исполнета со содржини од различни културни жанрови, поддржани од Општина Битола, но и од Министерството за култура и туризам.

Утревечер, на 27.06, од 20:00 часот дел од програмата на Битолското културно лето е Концертот со авторска музика на Стефанија мјузик ворлд, кој ќе се одржи на Нова сцена во Центар за култура. Станува збор за јубилеен концерт кој слави една деценија посветеност, креативност и љубов кон музиката. Стефанија е дипломирана поп-џез пејачка, артистка со препознатлива интерпретација и оригинален звук, која заедно со искусните музичари, најавува музичко патување исполнето со емоции, слобода и звук што допира до срцето.

Концертот носи љубов кон музиката, искреност и стил кој спојува повеќе жанрови. Публиката во живо ќе ги слушне нејзините најистакнати авторски композиции, преработени во современи џез, џез-рок и босанова аранжмани, џез стандарди – звук што го спојува класичното и модерното, нежното и енергичното.

Настапуваат: Стефанија Милевска Враниќ – вокал, Билјана Трајковска – вокал и пратечки вокали, Владимир Враниќ – гитара, Владимир Николиќ / Dadoni – труба, Ристо Крстевски – клавијатура, Зоки Паркет – контрабас и бас и Павел Талевски – тапани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни