Search

Со концерт на CAMERATA ACADEMICA завршува годинешното издание на Скопско лето

Во склоп на фестивалот Скопско лето остануваат уште 4 настани кои граѓаните ќе можат да ги посетатат, заклучно со 31 јули кога концертен ансамбл од Словенија гостува со свој концерт пред платото на Музејот на македонска борба со почеток од 20:30 часот.

Вечерва со почеток од 20: 30 часот во Галеријата „Остен“ се отвора изложба на карикатуристи од Израел насловена како „2Kац“. Поводот за оваа изложба е 55 години јубилеј на Светската галерија на карикатури „Остен“.

Концептот на изложбата „2Kац“ е двогледност – две визии на иста тема, два изрази на двајца уметници, еден постар и еден млад, татко и син. Нивните дела се претставени во тематски парови, давајќи секој пат драматичен конфликт на целината. Посетителите можат да се восхитуваат на делата преку „двогледни спектакли“. 

Таткото Григори Кац и синот Илја се родени во Киргистан, соодветно во 1948 и 1972 година. Двајцата уметници живеат во Израел од 1992 година. 

Во петок, на 28 јули во Сули ан ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски Ѓумар“. Диригетската палка ќе биде на Иван Еминовиќ, а како солист ќе настапи Марија Ташевска – сопран.

Овој концерт на МММ е во знак на одбележување на нивниот 60 годишен јубилеј кој се поклопува со 60 годишнината од скопскиот земјотрес.

Последната изложба во рамки на фестивалот ќе се отвори во сабота на 28 јули во Сули ан. Изложбата на слики е на Јулија Петровска и е насловена како „Алиса во Апсурдистан“.

Со концерт на ансамблот Camerata Academica од Словенија завршува 44 издание на овој реномиран скопски фестивал. Концертот ќе се одржи на 31 јули  пред платото на Музејот на македонската борба со почеток од 20:30 часот. Ансамблот го сочинуваат словенечки музичари, професори на Љубљанската музичка академија на Универзитетот во Љубљана. Составот брои шест члена и тоа: Каролина Шантел Зупан на флејта, Матеј Шарц на обоа, Јоже Котар на кларинет , Јоже Шопар на англиски рог, Миха Рогина на саксофон и македонецот Зоран Митев на фагот.

Најново

Последни колумни