Со изложбата „Супстрати“ во Париз започнува сезоната на Отворен Балкан

Србија, Македонија и Албанија со изложбата „Супстрати“ во Париз, која е заеднички проект на тројца уметници од државите на Отворен Балкан, ја почнуваат сезоната на Отворен Балкан 2024 година.

Во рамки на културната програма на иницијативата Отворен Балкан, на 13 јули (четврток) 2023 година, во 20:00 часот, во Културниот центар на Србија во Париз, ќе биде отворена изложбата „Супстрати”.

На изложбата пред меѓународната јавност ќе бидат претставени новите проекти на уметниците: Кристина Пулејкова (Северна Македонија), Нина Жељковиќ (Србија) и Дриант Зенели (Албанија).

Фокусирајќи се на современата уменост како платформа за подигнување на свеста и трансформацијата на природното и културното наследство, проектот „Супстрати“ ги истакнува суштинските врски што постојат меѓу Србија, Македонија и Албанија, трите земји кои учествуваат во проектот „Отворен Балкан“ и повикува на повторно поврзување со заеднички геофизички основи, заеднички ритуали и имагинарии кои ги поврзуваат.

Куратор на изложбата е Клаудија Пецолд, основач на порталот за подигнување на свеста за преобразба на природното и културно наследство Curating Evolution, која фокусирајќи се на современата уметност ги нагласува фундаменталните врски помеѓу трите земји во рамки на Отворен Балкан.

Реализацијата на културната програма на Отворен Балкан овозможува балканските земји преку својата уметничка сцена, во современ концепт да ја претстават балканската култура и воедно преку интеркултурен дијалог и интердисциплинарен пристап, да ги промовираат специфичните културни и уметнички карактеристики на Балканот.

Изложбата „Супстрати”, ќе биде отворена за јавноста до 12 август 2023 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни