Со изложба на девет млади уметници се отвори петтата Europe House во Велес

Со групна изложба на осум автори од помладата генерација, сите од Вардарскиот регион, беше отворена Европската куќа во Велес, која е петтата по ред Europe House кај нас. Претходно се отворија во Скопје, Битола, Струмица и Крива Паланка.

Младите уметници  се претставија со дела изработени во различни техники. 

Новиот простор  беше отворен со првиот културен настан, изложба. Изложбата и просторот ги отвори евро амбасадорот Дејвид Гир, посакувајќи младите да имаат уште многу други културни настани.

„Овој просторот постои за вас. Ова е ваш дом, ова е ваша иднина“  – кажа Гир.

Од Europe House, потенцираат дека ова е уште еден центар кој ќе одговори на потребите и аспирациите на младите велешани. Овој визионерски простор треба да ги ангажира младите и да им обезбеди платформа што доплнително ќе ги поддржи и развива нивните креативни капацитети. Овој центар ќе го негува потенцијалот на младите, а денешената дебата за европските перспективи и потреби на младите се израз на отворена соработка со различни профилни групи.

Меѓу авторите кои излагаат е и Драган Таневски од населба Чашка, кој е дипломиран графичар.

„На покана од Дарко од EUH  сум дел од групата уметници кои изложија свои дела на првата изложба во EUH. Чест и задоволсто ми е што учествувам на оваа групна изложба на која изложив едно многу драго дело кое е со големо значење за мене. Делото е дел од серијата дела која ми е насловена ,,Вресокот на остатоците,, а  насловот на ова дел е ,,Си беше еднаш…” делото е сработено во комбинирана техника (стара облека, рачно шиење, лепак за дрво, маслена боја) во 2022 со  димензии 140х450cm“, кажа Драганчо за Трн.

Отварањето на EUH за Велес претставува можност за зголемување на културно, социјални и едукативни настани кои ќе ги вклучат сите генерации а особено младите од Велес и повардарскиот регион.

Со делото Невестино, невистина, се претстави Симона Манчева  од Кавадарци.

„Просторот е нов и променлив, што е добро. Потребни ни се места за изложување“  – рече Симона Манчева од Кавадарци.  

„Просторот е доволно адекватен за да ги задоволи потребите на младите креативци“- кажа Димова Пантелиќ која се престави со инсталација.

Уметникот Филип Коруновски кој се претстави со пет дела од серијата „Измешани сеќавања“, Europe House го доживува како платформа за мотивација и иницијатива за креативност и активизам во рамки на овој регион.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни