Со избор на храна до полесно добивање исончан тен

Летото е период во кој многумина ќе заминат покрај езеро или море, но повеќето луѓе се враќаат незадоволни дома откако нема да го постигнат посакуваниот тен на исончаност. Според истражувањата се покажало дека одредени продукти влијаат на тоа.

Покрај морковите кои најчесто се споменуваат меѓу намирниците кои промовираат побрз тен, и овие намирници изобилуваат со растителни пигменти, од кои најпознат е бета-каротенот, за кој е докажано дека поттикнува рамномерно потемнување и гарантира блескав и здрав тен: лубеница, диња, зелен лиснат зеленчук (на пример, спанаќ и кељ)

Храна која делува како заштитен фактор и ја регенерира кожата:

Риба (туна, харинга, сардина, скуша, лосос…)
Изобилството на витамин А и омега-3 масни киселини ја штитат кожата од слободните радикали, го промовираат нејзиното закрепнување и епителизација и ги ублажуваат воспалителните процеси.

Црвена пиперка
Богат извор на витамин Ц, моќен антиоксиданс, го поддржува формирањето на колаген, кој во голема мера ја подобрува регенерацијата на оштетената кожа.

Ореви
Благодарение на присуството на витаминот Е, оревите, исто така, претставуваат силен антиоксиданс и поволно делуваат на сите типови кожа, па затоа во летните месеци е исклучително важен внесот на јаткасти плодови, но и семки и квалитетни растителни масла.

Извор: ljepotaizdravlje.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни