Со ИПАРД III програмата до неповратен грант за машини и опрема во руралните средини

Јавниот повик за Мерка 7 од новата ИПАРД III програма овозможува кофинансирање во вид на неповратен грант во износ од 60% за набавка на машини и опрема за обезбедување на услуги во руралните средини. Тука спаѓаат пред се машини и орема за:

  • Сервиси за поправка и одржување;
  • Услуги за просторно уредување;

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално ги објави деталите, па според упатствата, во овој приоритетен сектор можете да аплицирате за набавка на:

  • мали машини за кoпање,
  • мини багери,
  • мулти теренски натоварувачи,
  • натоварувачи,
  • косилки, дувалки и тримери
  • опрема и алати за услуги за просторно уредување (расчистување на простор, проектирање, инсталација, одржување, одржување на градини сл.)
  • Машини, опрема и алати за поправка и одржувањ на не-земјоделски машини и моторни возила (автомобили, камиони, автобуси, мотоцикли, итн).

Кој може да аплицира

  1. Физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина;
    – Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии, согласно Законот за занаетчиска дејност за активности за кои е предложена инвестицијата;
    – Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во Регистарот за угостители согласно Законот за угостителска дејност, за активностите за кои е предложена инвестицијата;
    – Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва;
    – Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските стопанства како претставник на семејно земјоделско стопанство и
    – Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во Регистарот на индивидулни земјоделски производители во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско осигурување.
  2. Правни лица регистрирани во Централниот регистар во ранг на микро и мали претпријатија доколку тие ги исполнуваат критериумите утврдени во Препораката 2003/361/ЕС (истата може да се превземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk), кои се сумирани во следната табела:
Ранг на претпријатиеБрој на вработениГодишен приход (обрт)Биланс на состојба
Мало< 50≤ 10 милиони≤ 10 милиони
Микро< 10≤ 2 милиони≤ 2 милиони

Задруга која е регистрирана во Централниот регистар

Здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот.

Финансиска поддршка предвидена со мерката

Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција (проект) за оваа мерка не може да биде пониска од 10.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ), додека максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден корисник по оваа мерка по поединечен проект изнесува 600.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ.

Максималната финансиска поддршка која може да се додели на новоосновани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавниот повик) по оваа мерка е 100.000 евра.

Максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден корисник по оваа мерка е 1.500.000 евра во денарска противредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ) за целиот период на спроведувањето на Програмата.

Новиот јавен повик е отворен за аплицирање до 1 ноември 2023 год.

Извор: agrotim.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни