Официјалното лансирање на Apple Intelligence ни е пред вратите, а следниот бран на ажурирања на вештачката интелигенција се очекува да ја направи Siri многу покорисна.
Претстојното ажурирање на iOS 18.2 – сега достапно како бета верзија на програмери – почнува да го прави вашиот телефон многу попаметен со додавање на визуелна интелигенција и можност за пренесување на барањата од Siri на ChatGPT. На телефоните што поддржуваат Apple Intelligence, Siri нема да биде само алатка која ќе гугла место вас, туку станува алатка која ќе комуницира со четботот напојуван од вештачка интелигенција ChatGPT.
Стандардно, Siri ќе бара потврда секогаш кога ќе сака да пренесе барање до ChatGPT. Ова има многу смисла и придонесува кон заштитата на податоците на корисниците, но корисниците кои ја тестирале алатката сметаат дека брзо ја исклучуваат оваа заштита со цел побрзо да стигнат до ChatGPT. Сири сè уште сама се справува со основните прашања и не пренесува барања како „Кога се изборите во САД? на ChatGPT, за среќа. И сè уште само ќе изгугла нешто за вас кога тоа е најдобриот начин да дојдете до вашиот одговор.
Но, посложените работи одат во ChatGPT, што значи дека Siri може да се справи со многу повеќе работи отколку што луѓето се навикнати досега. Прашајте ја „Кои се некои коктели што можам да ги направам со виски и сок од лимон?“ и ќе добиете кратка листа на опции со описи. Старата Siri во основа само ќе ви покаже фрагмент за пребарување на Google.
Четботовите со вештачка интелигенција како ChatGPT и Gemini на Google, сепак, редовно грешат и измислуваат работи, поради што мора да бидете внимателни со одговорите кои ги добивате.
Apple постави неколку убави заштити за приватност околу вашата употреба на ChatGPT. Од OpenAI „се бара да го обработи вашето барање исклучиво со цел да се исполни и не го складира вашето барање или какви било одговори што ги дава“, наведува Apple. Информациите нема да се користат ниту за обука на модели со вештачка интелигенција. Ако се најавите на вашата сметка на OpenAI, вашите барања се зачувуваат во вашата историја на ChatGPT и важат сите услови на OpenAI. Но, воопшто не ви треба OpenAI сметка ако не сакате, што придонесува кон приватноста.
Сопствениците на iPhone 16 ќе имаат и друг начин да ги користат паметните способности на ChatGPT: Визуелна интелигенција, која исто така е овозможена во 18.2. До неа се пристапува со држење на копчето за контрола на камерата, со што се повлекува приказ во живо на камерата. Откако ќе направите фотографија, можете да ја анализирате со ChatGPT или да користите пребарување на слики на Google за да најдете слични резултати на интернет. Тоа е глорифициран Google Lens, адаптиран со iOS,. Siri претходно можеше да бара растенија и знаменитости и слично, но ништо толку обемно како ова.