Со иновативната и интерактивна танцова претстава „MYSELVES“ ќе се затвори Скопје Танц Фест

Ги покануваме сите љубители на современиот танц и дигиталната уметност да ни се придружат и да бидат дел од ова единствено уметничко доживување“ велат од организацијата.

Во вторник 13 мај, во МНТ свечено ќе се затвори 21. издание на ТАНЦ-ФЕСТ со иновативната и интерактивна танцова претстава „MYSELVES“, на француската група K. DANSE.

„Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажувајќи интеракција помеѓу изведувачот и неговите многубројни лица низ најразновидни трансформации.

Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесува во единствено ументичко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат.

Ги покануваме сите љубители на современиот танц и дигиталната уметност да ни се придружат и да бидат дел од ова единствено уметничко доживување“ велат од организацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни