Во вторник 13 мај, во МНТ свечено ќе се затвори 21. издание на ТАНЦ-ФЕСТ со иновативната и интерактивна танцова претстава „MYSELVES“, на француската група K. DANSE.
„Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажувајќи интеракција помеѓу изведувачот и неговите многубројни лица низ најразновидни трансформации.
Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесува во единствено ументичко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат.
Ги покануваме сите љубители на современиот танц и дигиталната уметност да ни се придружат и да бидат дел од ова единствено уметничко доживување“ велат од организацијата.