Eвропа ја покажа уште еднаш својата солидарност на дело. Преку механизмот за цивилна заштита, повторно навремено се обезбедува помош за да се изгасат пожарите кои веќе неколку дена се активни во земјава.
Преку овој механизам, мобилизиран е еден хеликоптер од Србија, два хеликоптери од Словенија , два авиони и еден хеликоптер од Турција , еден авион од противпожарната флота на ЕУ од Хрватска и еден авион од Романија.
Овие единици за поддршка од соседните земји и земјите од ЕУ, веќе се ангажирани во гаснење на пожарите.
Состојбата на терен која последниве неколку дена е критична, преку фотографии направени за Делегацијата на ЕУ во земјава ја долови фотографот Томислав Георгиев.