Истражувачи од Универзитетот Вашингтон создадоа карбонски негативен еколошки бетон кој е исто цврст како и оничниот. Наместо цемент, користеле биојаглен, вид на јаглен направен од органски отпад.
Биојагленот може да исчисти јаглерод диоксид до 23%од својата тежинаи истовремено да ја сочува својата цврстина како да има цемент во него.
Професорот Ксианминг Ши од Универзитетот Вашингтон, кој е автор на студијата, вели дека ова нивно откритие ќе помогне да се достигне целта за нула карбонски емисија.
Над 4 милијарди тони бетон се произведуваат годишно на глобално ниво и се мисли дека производството на бетон е одговорно за 8%од вкупната емисија на јаглерод од човечките активности во светот.
И претходно имало обиди да се користи биојаглен за производство на бетон, но не бил толку цврст. Истражувачите од Универзитетот Вашингтон нашле многу добро решение – откако го ставиле Биојагленот во отпадната вода од бетонот, додале уште до 30% биојаглен во нивната мешавина. Пастата која ја добиле од биојагленот после 28 дена достигнала компресивни сила споредлива со таа на обичниот цемент.
Бетонот направен од новиот материјал се очекува да го чисти јаглеродот од воздухот додека постои, што е околу 30 години ако е на тротоар и 75 години на мост.
Нивното истражување е објавено во весникот Materials Letter.
Извор: interestingengineering.com