Со билки против зависноста од пушење

Фитотерапијата, т.е. употребата на растенија за терапевтски цели, може да им помогне на оние на кои им е потребна поддршка во оваа тешка фаза во обидот да се откажат од никотинот. На тој начин предизвикот да ставите крај на пушењето ќе биде помалку физички и психички стресен, но и ќе премине во една нова можност за поинаков, здрав живот.

Честопати, откажувањето од цигарите не е само проблем на вистинска физичка зависност, туку и на навика која кај пушачите е веќе составен дел од нивниот живот и без која, на психолошки план, повеќе не можат.

Затоа, некои растенија можат да му помогнат на телото, а други на менталното здравје. На тој начин нервниот систем ќе има можност да се бори против стрес и нервоза што со себе ги носи една ваква голема и драстична промена.

Кантарион
Една од најпознатите билки која помага при позитивен ментален став, а воедно се бори и со депресијата е кантарионот. Доброто расположение може да биде важно, особено во раните фази на откажување од пушење.

Корен од рен
Едно од најпопуларните растенија во светот за подигање на енергија и помагање на телото да се справи со стресот. Ренот помага да се ублажи заморот и нервозата поврзани со откажувањето од пушење. Тоа е адаптогено растение кое може да му помогне на телото, сега без никотин, да воспостави нова рамнотежа.

Ѓумбир
Ѓумбирот помага да се намали нагонот за пушење и, исто како и сладунецот, остава пријатно чувство на непцето поради силниот вкус кој помага да се одвлече вниманието од желбата за цигара.

Нане
Нането благотворно делува на дигестивниот систем и помага да се ублажи чувството на гадење кое понекогаш се поврзува со откажување од пушење. Корисно е и против главоболки, нервоза и напнатост. Добриот вкус помага и ако страдате од лош здив.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни