Со автомобил влетал во толпа во Ванкувер: Има загинати и повредени

Возачот е уапсен, а полицијата соопшти дека ќе објави повеќе детали по завршување на првичната истрага.

Во канадскиот град Ванкувер, синоќа околу 20 часот по локално време, автомобил влетал во толпа луѓе за време на уличниот фестивал Лапу Лапу, посветен на филипинската култура. Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени, потврди локалната полиција.

Возачот е уапсен, а полицијата соопшти дека ќе објави повеќе детали по завршување на првичната истрага.

Очевидци и локални медиуми пренесуваат шокантни сцени, со повредени лица кои лежат на земја, додека брза помош и пожарникари интервенираат на местото на настанот. Снимките од местото се шират на социјалните мрежи, иако некои извори се воздржуваат од споделување на слики од осомничениот.

Градоначалникот Кен Сим изрази длабоко сочувство и шок:

„Нашите мисли се со сите погодени и со филипинската заедница во овој навистина тежок момент.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни