Со јаглехидрати до посилен имунитет

Јаглехидратите често пати се наведуваат како една од причините за зголемување на телесната тежина, дијабетес тип два и разни други заболувања. Да, точно е дека преработената храна богата со шеќер и рафинираните житарки немаат важни витамини и минерали.

Сепак, многу природни намирници кои се богати со хранливи материи и растителни влакна, всушност, содржат и голема количина на јаглехидрати.

Киноа
Киноата е хранливо семе кое стана неверојатно популарно меѓу потрошувачите во последните години. Зготвената киноа содржи дури 70% јаглехидрати. Сепак, таа е и добар извор на протеини и влакна. Киноата е богата со многу минерали и растителни соединенија и е поврзана со различни здравствени придобивки, (го норализира нивото на шеќерот во крвта и го подобрува здравјето на срцето).

Овес
Овесот е одличен извор на многу витамини, минерали и антиоксиданси. Тој е и релативно добар извор на протеини и содржи повеќе протеини од повеќето житарки. Истражувањата покажале дека консумирањето овес може да го намали ризикот од срцеви заболувања преку намалување на нивото на холестерол.

Леќа
Леќата е многу хранлива, содржи протеини и влакна. Таа има повеќе минерали и антиоксиданси од многу други житарки.

Банани
Бананите се богати со калиум, минерал кој игра клучна улога во регулирањето на крвниот притисок. Помалку зрелите банани, исто така, содржат повеќе скроб и пектин, соединенија кои можат да го подобрат дигестивното здравје.

Слатки компири
Покрај јаглехидрати, слатките компири се богат извор и на витамин А, витамин Ц и калиум. Згора на тоа, тие се преполни со антиоксиданси, соединенија кои помагаат во неутрализирање на штетните слободни радикали во вашите клетки за да ве заштитат од хронични болести.

Цвекло
Цвеклото е преполно со витамини, минерали и растителни соединенија. Тоа содржи и големи количини на нитрати кои можат да го подобрат здравјето на срцето и да ги подобрат физичките перформанси.

Боровинки
Боровинките често се сметаат за суперхрана поради нивната богата содржина на антиоксиданси. Тие се состојат главно од вода, како и околу 14,5 грама јаглехидрати на 100 грама. Боровинките содржат и големи количини на многу витамини и минерали, вклучувајќи витамин Ц, витамин К и манган. Истражувањата покажале дека тие се добар извор и на антиоксидантски соединенија.

Извор: healthline.com

Најново

Последни колумни