Сојузот на бугарските писатели, реагира за претставата на Малковиќ во која се исмејуваат Бугарите

Сојузот на бугарските писатели, со остра реакција за одлуката на бугарскиот Народен театар „Иван Вазов“, да ја постави на сцената, претставата „Раце и човек“ на Бернард Шо во режија на Џон Малкович.

„Ние, бугарските писатели, сме свесни дека изборот на оваа конкретна драма од разновидните драматуршки дела на Б. Шо не е случаен. Ова е отворена инсинуација против државата и нашиот народ, зол цинизам и глупост со илјадниците жртви кои паднаа на фронтовите за слобода и единство на татковината. Срамот што се излева врз нашиот народ е со ваша согласност и соучесништво, владејачки господа! Вие сте одговорни и за сеќавањето на ликовите и за историјата. Нема да поминат ниту помагачите кои го доведоа Џон Малкович во Народниот театар и му обезбедија сочен хонорар за пцовките што ќе ни бидат упатени од неговата сцена, ниту оние кои „со талент и инспирација“ ја пресоздаваат оваа „срамота“. “. Овде не се добредојдени трикови за „исмејување“ на нашето трпение на овој неприфатлив начин. Местото на вакви „дела“ не е во Бугарија“, нагласуваат од Сојузот.

Вечерава пред театарот се одвиваа протести кои започнаа како мирен, но подоцна се претвори во судири пред влезот на театарот. Толпата се обиде да влезе во театарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни