Сојузните држави ја тужат администрацијата на Трамп поради одлуката да скрати милијарди долари за здравствената заштита

Коалицијата на јавни обвинители денеска поднесе тужба против администрацијата на Трамп во име на 23 американски сојузни држави поради нејзината одлука да го намали федералното финансирање за 11 милијарди американски долари за различни проекти за јавно здравје низ САД.

Во тужбата се тврди дека кратењата се незаконски и го загрозуваат јавното здравје. Од судот се бара веднаш да ја спречи администрацијата на Трамп да ги укине парите, кои беа доделени од Конгресот за време на пандемијата и главно беа користени за тестирање на нови вакцини и вакцинации. Пари оделе и за програми за зависности и ментално здравје.

Веќе се откажани над дваесетина грантови за истражувања поврзани со Ковид, финансирани од Националниот институт за здравство. 

Локалните и државните служби за јавно здравје сè уште го проценуваат влијанието на загубата на овие средства.

„Кастрењето на овие средства ќе го смени нашиот напредок во опиоидната криза, ќе ги фрли нашите системи за ментално здравје во хаос и ќе ги остави болниците на цедило, изјави денеска еден од обвинителите. 

Вработените во американското Министерство за здравство денеска почнаа да добиваат известувања за отпуштање, а се верува дека вкупно ќе бидат отпуштени 10.000 луѓе.

Федералните здравствени власти ја објавија одлуката за намалување на финансирањето пред една недела. Портпаролите на американското Министерство за здравство рекоа дека агенцијата „повеќе нема да троши милијарди долари од даночните обврзници за да одговори на пандемијата што не постоеше пред неколку години“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни