Соја од Србија полна со опасни афлатоксини вратена од седум европски земји!

Како што се наведува на сајтот на RASFF, во примероците земени на 23 јануари 2025, откриен е афлатоксин Б1 во количина од 10,4 микрограма по килограм (µg/kg – ppb), додека дозволената количина е максимум два микрограма по килограм (2 µg/kg).

Италија е седмата земја која од почетокот на 2025 година, преку RASFF европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна, предупредува на зголемен нивото на афлатоксини во сојините протеини и производи произведени во Србија.

Италија во гранична контрола ја одбила пратката на сојини протеини која потекнува од Србија поради зголемено ниво на микотоксини – афлатоксин Б1 и вкупното ниво на афлатоксини, објави RASFF европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна.

Ризикот по здравјето поради надминување на максималните нивоа на афлатоксин Б1 и вкупни афлатоксини е означен како сериозен.

Како што се наведува на сајтот на RASFF, во примероците земени на 23 јануари 2025, откриен е афлатоксин Б1 во количина од 10,4 микрограма по килограм (µg/kg – ppb), додека дозволената количина е максимум два микрограма по килограм (2 µg/kg).

Кога се работи за вкупните афлатоксини (Б1, Б2, Г1, Г2), во примероците е откриено 11,7 микрограма по килограм, додека дозволената максимална количина е од четири микрограма по килограм (4 µg/kg – ppb).

Само ден пред тоа, исто предупредување на зголемено ниво на афлатоксини во производите од соја кои потекнуваат од Србија, издаде и Холандија, стои на сајтот на RASFF.

На повишениот нивото на афлатоксини во сојата од оваа област укажале и Полска, Данска, Шпанија, Хрватска и Летонија.

Што се афлатоксини
Афлатоксините (Б1, Г1, Б2, Г2) се најтоксичната група на микотоксини, се наведува на сајтот на Заводот за јавно здравје Суботица.

„Најзначаен претставник е афлатоксин Б1. Афлатоксините се познати како мутагенски соединенија, тератогени (предизвикуваат аномалии на фетусот) и канцерогени соединенија (посебно за црниот дроб и за бубрезите). Тие се синтетизираат во природата од широко распространети габи од родовите Aspergilus, Penicillium и Fusarium. Луѓето се изложени на овој токсин преку консумирање на житарици (кукуруз, јачмен), кикирики и други јаткасти плодови. Метаболитите на афлатоксините може да се најдат во животинските производи, односно во млекото (во форма на афлатоксин М1), месото и јајцата“, се наведува во информацијата.

Поради специфичното дејство, микотоксините се нарекуваат и „тивки убици“, а нивниот негативен ефект на човечкото здравје и земјоделството е, како што се наведува, огромен.

„Токсичното дејство на микотоксините се разликува од останатите токсичности. Болеста е предизвикана од храната и има сезонски карактер, не е инфективна. Дејството може да биде акутно, хронично и специфично, зависно од дозата, видот на микотоксините, времетраењето на изложеноста и отпорноста на организмот. Примарните акутни микотоксикози предизвикуваат труење на луѓето и животните и можат да завршат смртоносно. Во историјата се забележани голем број на случаи на масовно труење со микотоксини. На пример, во Јапонија е забележана појава на болест наречена кардијален ‘бери-бери’, која била предизвикана од консумирање житарици инфицирани со габи од родот Penicillium. Во Русија се случило труење со просо и пченица која зимувала на полињата и била загадена со габи од родот Fusarium. Кај работниците кои работеле на полињата со целер се забележани чести воспаленија на кожата, што било предизвикано од микотоксикоза“, се наведува, помеѓу другото, на сајтот на Заводот за јавно здравје Суботица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни