Силно снежно невреме попладнево ги зафати планинските предели во западна и југозападна Србија, предизвикувајќи сериозни проблеми во сообраќајот. Снежната граница нагло се спушти на околу 900 метри надморска височина, а интензивните врнежи веќе ги покрија клучните патни правци.
Патиштата на повеќе места се под снежна покривка, што значително го отежнува движењето, особено во повисоките предели. Надлежните апелираат на зголемена внимателност и потсетуваат дека зимската опрема е задолжителна за сите возила.
Според најавите на метеоролозите, снегот ќе продолжи да паѓа и во текот на вечерта и ноќта, со можност снежната покривка на одделни локации да надмине 20 сантиметри. Условите на патиштата дополнително ќе се влошуваат, па возачите се советуваат да ги одложат патувањата доколку не се неопходни.