Снегот повторно го парализираше Белград

Белград и оваа зима го дочека снегот неподготвен. Опозицијата обвинува за лошо управување, недостиг од кадар, неисправна опрема и наместени тендери што со години го исцрпуваат градскиот систем.

Белград и оваа зима го дочека снегот неподготвен, што доведе до сообраќаен колапс и отежнато движење на граѓаните низ целиот град. Опозициските советници во Градското собрание порачуваат дека градската власт не се подготвила навреме, укажувајќи на хронични проблеми во јавните претпријатија, недостиг од работна сила, неадекватна опрема и, како што тврдат, наместени тендери кои со години го исцрпуваат градскиот систем.

Како што велaт, подготовката за зимата подразбира план на градските власти со службите за тоа како ќе постапуваат доколку дојде до вакви ситуации.

Потпретседателот и шеф на советничката група на Народното движење на Србија (НПС) во белградскиот парламент, Милош Павловиќ, додава дека покрај подготовката, проблем е и недостигот од работна сила.

„Белград пат е задолжен да ни обезбеди стабилни, безбедни и проодни патишта, Градска чистота да ги чисти тротоарите, а Градското сообраќајно претпријатие – автобуските постојки. Меѓутоа, тие тоа не го направија“, истакнува тој.

„Во Градска чистота 500 луѓе се на боледување“

Тој наведува и дека вработените во Градска чистота, каде што има 3.212 вработени, се исцрпени поради „испраќање во Ќациленд и мобинг“.

„Тие сега немаат доволно кадар. Во моментов, во Градска чистота 500 луѓе се на боледување. Во овие три дена не видов ниту еден работник на Градска чистота да исчисти некој тротоар. Не велам дека ги немало, но ги имало во толкава мера што никој од нас не ги видел. Зошто? Затоа што тие се занимаваат само со наместени тендери, извлекување пари, никој не се грижи за нас, Белграѓаните“, објаснува Павловиќ.

Летни гуми на автобусите

Иако законските рокови за замена на летните гуми на возилата беа во ноември, на автобусите на јавниот превоз во Белград можеа да се забележат летни гуми.

Павловиќ вели дека причината за тоа е што ниту на јавното градско претпријатие, ниту на приватните превозници, тоа не им е во интерес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни