Сообраќајот во државата се одвива во отежнати зимски услови и надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци, а на одредени патни правци има забрана за тешки товарни возила, велат од Центарот за Управување со кризи. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека според добиените информации од контакт лицата од општините и Град Скопје или поточно од Кризниот штаб за координирање на активностите од Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје, состојбата со проодност на улиците и патиштата е следна:
“Улиците и булеварите во надлежност на Град Скопје се проодни за одвивање на сообраќајот, но под отежнати зимски услови. Во дел од општините сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, а надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци. Проодноста со улиците и булеварите во Град Скопје е отежната за одвивање на сообраќајот, поради снежните врнежи. Надлежните институции континуирано ги расчистуваат патните правци. Како резултат на обилните врнежи од снег во Скопската котлина во Градот Скопје имаше пријави за паднати дрвја, паднати бандери, скинати жици од електродистрибутивната мрежа и кабловските оператори на повеќе локации во градот Скопје. Пријавите за нивно решавање и понатамошна постапка од ЦУК беа проследени до надлежните служби и институции односно: ЈП Македонија пат, Кабелски оператори Телеком, А1, Телкабел, ЕВН, ЈП Паркови и зеленило, Инспекторат за животна средина на Град Скопје, Кризен штаб на Град Скопје”
Соопштението на ЦУК го прнесеуваме во целост:
РЦУК Велес, известува дека во Општина Чашка во населените места с.Јасеново и с.Богомила врнежите од снег престанаа и има околу 30см наврнато снег. Се расчистуваат улиците од страна на Комуналното претпријатие. Исто така се врши чистење и во с.Владиловци и с.Оморани, но истите се проодни за сообраќај.
Во Општините Велес и Градско исто така престанаа врнежите од снег, и сите патни правци се проодни и исто така редовно се чистат. Сега моментално се чисти и во с.Црквино. На територијата на Општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни и со машинерија (3 камиони) се чистат константно и се посолуваат.
На територијата на Општините Неготино и Демир Капија има врнежи, сите патни правци се проодни и се чистат со машинерија од страна на ЈП МП пункт Неготино. Од последните информации кои ги добивме во Општина Неготино има околу 30см наврнато снег.
Сите патни правци во општина Кавадарци се проодни за сообраќај во зимски услови и истите се редовно се чистат од страна на Комуналното претпријатие. До овој момент немаат информација дека е нешто затворено.
РЦУК Битола, известува на територијата што ја покрива нема не проодни места односно завеани со снег и други последици од врнежите од снег. Во моментов активни се зимските служби за одржување на патишта и во помалите населени места се работи на расчистување и на улиците. По пријава од број за итни повици 112 за нерасчистен патен правец Новаци – Битола контактирано е со ЈП МП подружница Битола и добиена е информација дека интервенирале 2 пати во текот на денешниот ден и дека во 16.00 часот ќе се интервенира и по трет пат. Во помалите населени места каде што интервенираат ЕЛС – зимски служби се работи по листа на приоритет.
РЦУК Струмица, известува сите патни правци на Струмичкиот регион (Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран) се проодни во зимски услови. Од 16.40 часот патот од Чалакли за Валандово кон Струмица во еден правец е блокиран за лесни и тешки товарни возила.
РЦУК Штип, известува дека од субјектите задолжени за зимско одржување на патиштата на територијата (ЈП МП пунктови Штип, Кочани, Делчево и Смојмирово; ЈКП во општините и приватни субјекти ангажирани од ЕЛС- трети лица) на Регион Исток е добиено известување дека сите расположиви возила за чистење на патишта се излезени и се чистат патиштата според утврдениот приоритет. Патниот правец Штип-Плачковица е исчистен до локалитет Баргала, другиот дел ќе се чисти во наредниот период, Кочани Пониква е исчистен, Берово-Струмица е исчистен, Струмица – Берово моментално се чисти, Делчево -Голак ќе се чисти во наредниот период. Патните правци се влажни со остатоци од снег и се проодни во зимски услови, а патните правци кон населените места во планиските делови се тешко проодни.
Од 19:00 часот има забрана за ТТВ на патниот правец Берово – Струмица.
Во градовите ЈКП и трети лица вршат чистење на улиците и локалните патишта според приоритет и се врши чистење на тротоарите, премини преку улици и пред влезови на поважни објекти.
РЦУК Охрид, известува дека состојбата на територијата што ја покрива ПОРКОА РЦУК-Охрид во моментот се одвива во зимски услови. Сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег.
Забрана за движење на ТТВ има на патните правци : Струга – Ќафасан , Маврово – Дебар – Струга, Пресека, Стража – Кичево и М.Брод -Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.
Снабдувањето на населението со електрична енергија е во прекин во с.Опеница и околината поради дефект на далекувод. Дежурните екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на истиот. Поради поголем дефект на водоводна цевка на ул.Петар Поп Арсов, без водоснабдување се улиците : Петар Поп Арсов, дел од Бул. „Туристичка“ и Стив Наумов.
РЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ЈП МП -секција Куманово известуваат дека сите патни правци што се под нивна надлежност се исчистени и се продни. Регионалниот пат Арбанашко нема да се чисти денес, немаат инаформација дали е прооден ,во текот на денешниот ден ќе интервенираат.
Од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци на Општина Ст.Нагоричане не извести дека во текот на утрешниот ден ќе интервенираат на расчистување на локалните патни правци низ Општината Старо Нагоричане.
Општина Куманово -од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Куманово сме известени дека од нивна страна патните правци во нивна надлежност се исчистени и проодни. Се чистат со приоритет патните правци низ градот и населбите, а во текот на утрешниот ден ќе се чистат и патните правци кон селата.
Општина Липково од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Липково сме известени дека од нивна страна патните правци во нивна надлежност се исчитени и проодни.
ЈП МП секција Страцин дежурниот не извести дека државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на ЈП МП истите се опесочени и чистени и се продни.( нема одрони).
ЈП МП секција Крива Паланка дежурниот не извести дека државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат истите се опесочени и чистени и се продни ( нема одрони). Магистралните патен правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир е целосно расчистен и прооден за сите моторни возила.
Во текот на денешниот ден ќе се расчистуваат регионалните патни правци Крива паланка-Огут и регионалниот пат с.Ранковце-с.Герман.
Локалните патишта во Општина Ранковце се проодни во зимски услови.
Од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Крива Паланка сме известени дека од нивна страна патните правци се исчитени и проодни. Во текот на денешниот ден ќе се чистат и патните правци кон селата Нерав и Калин Камен.
Локален земјен пат до с.Дренак е непрооден. Локален земјен пат до с. Б,с е непрооден.
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека денеска на 12.01..2025 година во северозападниот регион по обилните врнежи од снег кои го зафати северозападниот регион до 16:00 часот, сообраќајот на магистралните и регионални патни правци се одвива отежнато со многу слаб интензитет во зимски услови со остатоци од снег по коловозите по интервенцијата на службите на ЈП МП и на службите за регионално одржување на патните правци. Висината на снежната покривка е од околу дваесет сантиметри во пониските места, додека на повисоките места е поголема и од 50 сантиметри. Од 08:05 часот е воведена забрана за движење на ТТВ на патниот правец Тетово- Попова Шапка, додека за останатите возила е задолжителна употреба на зимска опрема. Исто така е воведена забрана за движење на ТТВ од 00:43 часот на патните правци Гостивар-Стража-Кичево, како и Гостивар-крак Маврово- Дебар. Од службите за локално одржување во градските улици се излезени на терен и се чистат главните улици , додека споредните ќе се чистат по однапред утврден план со приоритет за пристап до болници и други места од јавен интерес. Во Тетово и Гостивар се уште не се исчистени тротоарите кои представуваат проблем за движење на пешачите кои се движат по коловозите иако е законска обврска сите да чистат пред влезовите и тротоарите каде имаат објекти. Исто така проблем представуваат и паркираните возила од кои неможат да пристапат и машините за чистење на снегот. Во селата се врши чистење на главните улици од страна на ЕЛС кои се надлежни за зимско одржување.
По примена пријава за непрооден пат од село Зубовце до село Ново Село од општина Врапчиште стапено е во контакт со ПС Галате од каде известија дека од ЕЛС Врапчиште е пристапено за чистење со два багери од општината и дека се чисти постапно од село Ѓурѓевиште и дека ќе бидат очистени и другите села во општината.
По извршениот разговор со ПС Маврово звестени сме дека екипи на Македонија пат се постојано на терен и вршат чистење на патниот правец од Маврово за Гостивар но дека има остатоци од снег на патот затоа што имаше интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за движење за ТТВ на овој патен правец , а од ЈП МП известија дека е поминат кружниот тек околу Мавровското езеро. Засега нема пријава од селата од Мавровскиот регион. Висината на снегот е над 50 сантиметри. Од ПС Ростуше сме известени дека засега нема пријава од селата од реканскиот регион, а не е очистен патот до село Врбјане каде што има помал број на жители но и овој патен правец ќе се чисти од страна на фирмите кои го имаат тендерот од општината за зимско одржување.
Од ПС Попова Шапка сме известени дека патот од Тетово за Попова Шапка е тешко прооден за што има и забрана за движење за ТТВ а за останатите возила е задолжителна зимска опрема така да на излезот од Тетово за Попова Шапка има и полициска патрола која врши регулирање на сообраќајот а на оние возила кои не ги исполнуваат условите не им се дозволува движење по овој патен правец. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е над 50 сантиметри, екипите на Македонија пат вршат чистење и посолување на патот на кој има остатоци од снег. Засега нема пријава за отсечени планински села на Шар Планина.
Од ПС Теарце известија дека после 13:00 часот е отпочнато со чистење од страна на ЈП МП на регионалниот пат Тетово-Јажинце, додека засега нема пријава за непроодни локални патни правци.
Од ЕЛС Брвеница градоначалникот извести дека сите села во општината се проодни, како и патот за село Гургурница кое се наоѓа на поголема надморска висина со многу кривини и тој е очистен и прооден. Нема пријава за други проблеми. Од ПС Групчин сме известени дека од ЕЛС Желино е започнато чистење на локално ниво како и по приоритет во повисоките планински села , засега нема пријава за отсечени села , висината на снегот е од околу 15 сантиметри.
Истовремено, се потсетува дека, ако се планираат патувањата заради временските метеоролошки прилики и според дестинацијата е пожелно да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, согласно информациите од надлежните институции и служби.