Снег во градовите, ледени денови и температури до -15°C низ Македонија

Силен продор на студ носи обилни снежни врнежи, голомразица и температури до -15°C. Еве каде ќе има најмногу снег во Македонија.

Поради продор на многу ладен воздух од север, врнежите кои следуваат во наредните часови значително ќе се интензивираат, а снежната граница ќе се спушта кон пониските места, што значи дека дождот ќе премине во снег и во градовите.

Овој временски бран ќе биде проследен со повремено засилен ветер, најпрво од јужен, а потоа и од северен правец, локално со брзина од над 60 км/час. Температурите нагло ќе опаѓаат, а на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Колку снег се очекува?

Во Западна Македонија до 5 до 10 сантиметри снег, локално и повеќе, а на повисоките и планински места: над 30–40 сантиметри нов снег. Во останати деловите од земјата, помала, но забележлива снежна покривка

Локални врнежи од снег ќе има и утре (недела, 11 јануари), повторно проследени со засилен северен ветер.

Внимание: голомразица и ледени денови

Поради силното заладување се очекува појава на голомразица, па се апелира на крајна внимателност при патување, особено кон планинските превои.

Во недела (11 јануари) и понеделник (12 јануари) поголем дел од Македонија ќе се соочи со ледени денови, со дневни температури под нулата. Наутро во понеделник температурите ќе се спуштаат:

  • до -10°C,
  • локално и до -15°C,
  • на планините и до -20°C.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни