Иако календарски веќе започна пролетта, зимата повторно се врати во Црна Гора, носејќи снег на северот и хаос на приморјето.
Снежни врнежи се регистрирани во околината на Никшиќ и Цетиње, како и во Плужине и Шавник. Најинтензивни врнежи има во Жабљак и Колашин, каде планинските предели се веќе под снежна покривка.
Во останатиот дел од земјата паѓа силен дожд, проследен со засилен ветер, особено долж приморјето.
Проблеми во сообраќајот
Поради снегот, сообраќајот на патот меѓу Никшиќ и Вилуси бил во прекин неколку часа, откако повеќе камиони се заглавиле на коловозот. Подоцна, сообраќајот бил нормализиран.
Снежна покривка има и на автопатот Принцеза Ксенија автопат, што дополнително ја усложнува ситуацијата.
Од Управа на полицијата на Црна Гора апелираат до граѓаните да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, со цел да се избегнат несреќи. Невремето предизвика и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Делови од Цетиње и Никшиќ со часови беа без струја.
Во меѓувреме, напојувањето е нормализирано во Бар и Херцег Нови, каде исто така имало прекини.