Од 17 часот попладнево е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Стража, информираат од Авто-мото сојуз на Македонија (АМСМ).
Како што соопштуваат од АМСМ, забраната се однесува на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево и обратно, поради обилни врнежи од снег и задржување на снежна покривка на коловозот.
„Од 17:00 часот е воведена забрана за ТТВ на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно заради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот“, наведуваат од АМСМ.
Возачите се повикуваат на внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината на условите на патот и задолжително користење на зимска опрема.
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на снегот.