Влажен и поладен воздушен бран од северозапад преку Алпскиот регион се движи кон територијата на Република Македонија и ќе донесе промена на времето од понеделник попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември).
Според метеоролошките прогнози, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе наврнат до 15 литри на метар квадратен.
Особено во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе придонесе за пад на температурите.И во Скопје и околината се очекуваат локални врнежи, проследени со умерен до засилен северен ветер, а можно е и ретко појавување на грмежи.
Со спуштањето на температурите, на повисоките планински врвови – Пелистер, Шар Планина, Кораб и Солунска Глава – ќе има услови за провејување на снег.
Во вторник температурите ќе бидат значително пониски, со максимални вредности од 8 до 16 степени Целзиусови, додека во Скопје максималната температура ќе достигне околу 12 степени