Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на циклонален вртлог, кој ќе донесе нов бран на врнежи од дожд и снег, особено пред викендот. Времето ќе биде променливо облачно и постудено, со постепена стабилизација и затоплување кон крајот на периодот.
СНЕГ ВО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА
На планинските предели и на места над 1200–1300 метри надморска височина се очекуваат врнежи од снег, при што локално ќе се создаде снежна покривка.
Во текот на овој бран, повремено е можно и посилно провејување на снег, особено во западните и југозападните планински региони.
Во пониските места и во градовите, врнежите ќе бидат од дожд, но во утринските и ноќните часови не е исклучена појава на лапавица во некои котлини.
Врнежи и ветер
Локално може да наврнат до 15 литри воден талог на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, кој дополнително ќе го засили чувството на студ. Минимални температури: од -2 до 5°C. Максимални температури: од 3 до 11°C, а кон крајот на периодот до 14°C
Од почетокот на следната недела се очекува постепено затоплување, со значително намалување на врнежите и повеќе суви периоди.
Времето во Скопје
Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд, особено во четврток, петок и недела. На околината повисоки планини (Водно, Скопска Црна Гора) ќе има услови за слаб снег и провејување. Минимални температури: 0 до 4°C. Максимални температури: до околу 6–11°C
Врнежите ќе бидат краткотрајни, без услови за невреме, а кон крајот на периодот следува постабилно и потопло време.
